„Глобал Ивент“ - Скопје

Понеделник, 31 Август 2015 14:39

„Глобал Ивент“ - Скопје

На штандот на „Глобал Ивент“ ќе имате можност да дегустирате различни Европски брендови. Веќе познатите на нашиот пазар: Шоферхофер, Германски Даб и Радерберг. На ваше задоволство за прв пат оваа година на Пиволенд, Македонија ќе го запознае Чешкиот бренд Конард!

Ви ги претставуваме следниве пивски вкусови:

Konrad 11° Dark lager - е традиционално темно пиво со специфичен полн вкус на слад од карамела. Ова пиво се уште добива признанија од експерти. Не само што е погодно за пиење со јадења од месо, туку претставува и одличен прилог со различни видови на десерти.

Konrad 11° - Light lager е пиво со совршено воспоставена рамнотежа на течности и хранлива енергија во еден пијалак. Направено е според основниот рецепт на пиво што го создава 'рбетот на производство на класичното чешко пиво. Тоа е полно со фин, пенлив и пријатно лесен вкус. Ова пиво е наменето за сите пригоди и е одлично за продлабочување на позитивните искуства.

DAB Dortmunder - Уште од самиот почеток пивото DAB не се пиело само во Дортмунд. Во 1868 година градот имал само 36.000 жители, што бил едвај доволен пазар за да работи голема пивара. Пивото за брзо време почнало да се дистрибуира низ новоформираната Германска Империја до градовите како Конигсберг и Келн и за кратко време било презентирано како интернационално пиво. Во 1879 година, пивото ДАБ веќе се извезувало во Холандија, Белгија, Франција, Индија, Јапонија и Австралија. Од крајот на 19 век па наваму, извозот бил многу важен за пивото DAB. Како што поминувало времето, пивото DAB не само што станало популарно низ Европа, туку се здобило со верни консументи од сите континенти. Пивото ги соборило сите рекорди и се здобило со признанија насекаде низ светот. Покрај сите признанија, тоа победило и на “Grand Prix” за исклучителен квалитет на светскиот саем во Париз во 1900 и 1937 година. За специјалните достигнувања пивото DAB исто така било награденo со Персискиот државен медал во Дизелдорф во 1913 година. Денеска пивото DAB е едно од главните извозни брендови на Германија и е застапено во 20 земји низ целиот свет. DAB, пиво на светската слава! ДАБ, пиво на светската слава.

Radeberger Pilsner - Историјата на пивото Radeberger датира уште од далечната 1872 година, во градот наречен Радеберг во близина на Дрезден, Германија. Ова пиво ја имало честа да биде прогласено за "Kanzler-Bräu" (канцеларски пијалак) од првиот германски канцелар Ото Фон Бизмарк во 1887 година. Во 1905 година било омилениот пијалак на тогашниот саксонски крал Фредерик Аугустус. Уште истата година почнало да се извезува за Америка и Канада. Во 1954 година почнува извозот на пивото Radeberger за целиот свет, а сега конечно пристигнува во Македонија.

Schöfferhofer Weizen - Потекло: Франкфурт, Хесен, Германија Пивница: Binding Brauerei Година на основање: 1870 година Schöfferhofer Weizen e првото пченкарно пиво во Германија приготвено надвор од Баварија. Веќе многу години се покажува како еднo од најуспешните пченкарни пива од германските брендови, има добиено бројни награди и произведени се разни варијации во вкус. Schöfferhofer Kristallweizen е пенливо и кристално чисто пиво со одличен вкус. Во периодот од јуни 2001 до јуни 2002 од страна на "2001 Liquorland Australian International Beer Awards" ова пиво е проласено за апсолутен победник (Grand Champion Beer) во конкуренција од 490 австриски и светски пива во сите категории.

Schöfferhofer Dunkles Hefeweizen - Со вкус на мистериозно пецкање! Schöfferhofer Dunkles Hefeweizen искри со мистериозност. Со користење на специјален слад, ова пиво добива темна боја и слатко-ароматичен вкус. Schöfferhofer е темно Hefeweizen пиво не само на изглед, туку и по специфичниот вкус. Биди многу мистериозен – со Schöfferhofer Dunkles Hefeweizen! Schöfferhofer Grapefruit Hefeweizen - Одлична мешавина на 50% премиум пиво со 50% специјален грејпрфрут сок, за освежително и овошно искуство, претежно преферирано од женскиот пол.

Шоферхофер, Германски Даб, Радергерб, Конард на Пиволенд со промоција 4+1!