Стандард Спиритс

Петок, 28 Август 2015 16:39

Стандард Спиритс

Бидејќи најавивме пивски рај на Пиволенд....

Покрај веќе добро познатите вкусни пива редовно застапени на нашиот пазар, оваа година на штандот на Стандард Спиритс ќе имате прилика да дегустирате спектар на пивски вкусови и бои по подостапни цени.

Leffe Bruin. Остро и густо. Автентично манастирско пиво. Темно печениот слад му дава длабока темнокафеава боја и блага нота. 6,5%.

Leffe Blond. Глатко и суптилно. Автентично светло манастирско пиво со горчлива нота. 6,6%.

Duvel. Природно пиво со суптилна горчливост, префинет вкус и карактеристична жичка на хмељ. Се вари 90 дена и нуди свежина со пријатен сладок алкохолен вкус. 8,5%.

Tripel Karameliet. Се произведува по автентичен рецепт од 1679 година. Се користат три култури: пченица, овес и јачмен. Арома на банана и ванила. Најдобро пиво Pale Ale за 2008 година. 8,4%.

Gulden Draak. Темно tripel пиво. Втора ферментација со вински квасец. Темна бакарна боја. Долготрајна пена со боја на карамела. Арома на јаболко и цреша, но и кафе со долг слатко-горчлив завршеток. Највкусно пиво за 1998 година според American Tasting Institute. 10,5%.

La Chouffe. Нефилтрирано светло пиво. Овошен вкус со нота на коријандер и хмељ. 8%.

Mc Chouffe. Неутрално и нефилтрирано темно пиво. Длабока црвена боја. Јаки ароми, особено анасон и карамела. Нота на круша. Долг завршеток. 8%.

Pauwel Kwak. Светло кафеаво. Шеќерна арома со костенливо овошје. Лесно слатко. Јако пиво. 8,4%.

Westmalle Dubbel. Tемен црвенокафеав трапист со секундарна ферментација. Тревскасто и овошно со свежо-горчлив завршеток. Манастирско пиво што се произведува од 1856 година. 7%.

La Trappe Isid’or. Матен трапист. Направено по повод 125 годишнината од пиварницата и крстено по првиот нејзин мајстор. Нефилтрирано, златножолто со нота на карамела. Секударна ферментација. Овошен завршеток. 7,5%.

La Trappe Tripel. Овошно и горчливо. Темнопортокалова и бакарна боја. Ноти на слива и круша. Горчлив завршеток. Доста газирано. 8%.

Grimbergen Blonde. Класично белгиско светло пиво. Балансирано и релативно лесно пиво со овошен и вкус на слад. Заокружен вкус. Златна боја. 6,7%.

Grimbergen Dubbel. Двојна ферментација и повеќе видови слад. Темноцрвена боја. Полн слатко-горчлив вкус со нота на карамела. 6,5%.

Pater Lieven Blond. Класична арома на белгиски квасец. Ноти на лимон и бисквит. Благо газирано. Релативно лесен вкус. 6,5%.

Pater Lieven Bruin. Кафеаво и кремаво. Стабилна темна пена. Арома на овошје, цветови и хмељ. Слатко и балансирано. 6,5%.

Rochefort 6. Најлесно од сите Rochefort пива. Лесно, овошно и тревкасто. Светла ќилибарна боја. Доста квасец. Киселка нота. Сув завршеток. 7,5%.

Rochefort 8. Trappist пиво со кафеава боја и нагласена арома со богата жичка на овошје. Густа пена со ноти на чоколадо и квасец. 9,2%.

Rochefort 10. Највисоката класа на пиво од Rochefort. Темно, густо и со импресивен вкус на сливи, суво грозје и капини. Има винска нота и други комплексни елементи. 11,3%.

Kapittel Dubbel. Богато, со чоколадни и ноти на суво грозје, мешано темно овошје, кафеав шеќер. Сладок овошен завршеток. 7,5%.

Gruut Amber. Слатко и лесно. Зачин.