„Гурмански викенд со пиво - Пиволенд 2016“, од 31 август до 04 септември!

Понеделник, 08 Август 2016 10:14

„Гурмански викенд со пиво - Пиволенд 2016“, од 31 август до 04 септември!

Од 31 август до 4 септември во Скопје по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво - Пиволенд“.

Локацијата традиционално е на скопското Кале. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини.

Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.