Пиволенд во гурманско-музичка мисија: Над 50 видови пиво и нов стејџ за млади бендови

Вторник, 19 Август 2014 14:16

Пиволенд во гурманско-музичка мисија: Над 50 видови пиво и нов стејџ за млади бендови

Денеска во просториите на Град Скопје се одржа прес конференција по повод престојниот фестивал Пиволенд кој започнува утре (среда, 20.08.2014), а ќе трае се до недела каде што на присутните новинари им се обратија градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и дел од организацијата на фестивалот.

Последните подготовки за Пиволенд веќе се одвиваат на Скопското Кале. Се местат штандовите каде што годинава посетителите ќе имаат можност да пробаат над 50 видови пиво (освен нашите брендови Скопско, Златен Даб, Горско, ќе има и Поланер, Туборг, Калсберг, Кенбах, Лондон Прајд, Лашко, Корона, Перони, Битбургер, Гинис, Дувел, Чинмај, Гролиш, Стела, Марфис, Старопрамен, Хајнекен, Бадвајзер, Трапист, Јелен, Радебергер, Ердингер и многу други).

Покрај игротеката за возрасни која со години традционално е едно од највеселите катчиња на фестивалот, оваа година примамлив за љубителите на пивото ќе биде и „Пивскиот рај“ (Beer Paradise), каде што ќе можат ексклузивно да дегустираат различни видови на пива од сите краеви на светот, од овошни, пченични па се до познатите англиски пива.

Гурманскиот викенд на пивото, Пиволенд е познат по тоа што дава поддршка на македонската музика, па оваа година по прв пат реши да ја воведе „Фреш“ сцената каде што можност да го покажат својот талент ќе имаат 30-тина млади бендови, пејачи и диџеи чиешто време допрва доаѓа. Покрај новиот стејџ, останува и Кавер стејџот кој се наоѓа кај Пивницата „Стар Град“.

Организаторите „Темов“ и градоначалникот Коце Трајановски ги поканија сите граѓани да дојдат и да уживаат во дегустација на пиво и скара, но да конзумираат одговорно. Се гледаме на Скопското Кале!

ДОЈДИ, ВИДИ, ИСПИЈ! ПИВОЛЕНД 2014!