Деветчлениот српски бенд “МВП“ на Пиволенд на скопско Кале

Четврток, 31 Јули 2014 12:13

Деветчлениот српски бенд “МВП“ на Пиволенд на скопско Кале

Деветчлениот бенд од Србија чија музика ја опишуваат како микс од реге, хип хоп и блуз- МВП, периодов вредно работи на своја промоција и надвор од рамките на Балканот.

Тие потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“ веќе се издвојуваат неколку хит нумери, а песната „Милион милја“ си доби и свој видеозапис во кој се појавуваат глумците од популарниот филм „Монтевидео“.

Фронтменот Бане Лалиќ најавува промоција на албумот на фестивалот „Пиволенд“ кој ќе се одржи од 20-24 август на скопското Кале, но и добра журка на веќе мегапопуларните „Целу ноч и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“ итн.