Што да пробате на Пиволенд?

Вторник, 01 Септември 2015 14:36

Што да пробате на Пиволенд?

Од 2 до 6 септември, на Скопско Кале, пивопијците или љубителите на фестивалите и забавата, ќе уживаат во различни жанрови на музика- рок, поп-рок, инди, реге, ска, етно, world music, хип хоп, електро, метал, панк и фанк, како и богата палета на пивски вкусови. Од пива кои ги правеле баварски калуѓери, па сѐ до официјалното пиво на фудбалскиот клуб Барселона. Понудата е голема и разновидна.

Фестивалот на пивото- Пиволенд е одлична прилика да пробате нешто ново доколку сте љубител на најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, а трет на листата на сите пијалоци, веднаш после водата и чајот. Оваа година изборот на пива е зголемен за уште две нови македонски пивари, но и голем број пива од разни страни на светот.

Mapa

Heineken, Bitburger, Kamenitza, Peroni, Lasko, Duvel, Amstel, Kenbach, Tuborg, Guinness, Union, Corona, Chimay, Karlsberg, Kilkenny, Barbar, Hoegaarden, Black Cab, Trappistes Rochefort, Paulaner, Stela Artois, Murphy’s, Orval, Staropramen, Liefmans, Jelen, La Trappe, Erdinger, Shoferhofer, DUB, Radeberger се само дел од пивата кои ќе може да ги дегустирате на Пиволенд. Тука се и македонските брендови- Скопско, Староградско, Македонско, Крале Марко, Горско и Битолско.
Под мотото- „На Пиволенд најисплатливо е во друштво“ ќе може да се купат пакет понуди од неколку пива на повеќето штандови. На штандот на Скопско за 4 купени пива, следуваат две гратис.

Фудбалските фанови сигурно ќе ги радува фактот дека ќе се продава официјалното пиво на фудбалскиот клуб Барселона од Шпанија- Естрела кое воедно е и најквалитетното шпанско пиво. За првпат на Пиволенд, на штандот за коктели ќе може да се пробаат и пивски коктели, летни и освежителни подготвени во комбинација со друг алкохол и свежи овошни сокови.
Ќе има и пивска продавница која ќе нуди голем број на пива кои не може да се купат во нашите маркети. Само мал дел од понудата се следните пива:

Vidovi piva

Tripel Karameliet. Се произведува по автентичен рецепт од 1679 година. Се користат три култури: пченица, овес и јачмен. Арома на банана и ванила. Најдобро пиво Pale Ale за 2008 година. 8,4%
Gulden Draak. Темно tripel пиво. Втора ферментација со вински квасец. Темна бакарна боја. Долготрајна пена со боја на карамела. Арома на јаболко и цреша, но и кафе со долг слатко-горчлив завршеток. Највкусно пиво за 1998 година според American Tasting Institute. 10,5%.
La Chouffe. Нефилтрирано светло пиво. Овошен вкус со нота на коријандер и хмељ. 8%.
Mc Chouffe. Неутрално и нефилтрирано темно пиво. Длабока црвена боја. Јаки ароми, особено анасон и карамела. Нота на круша. Долг завршеток. 8%.
Pauwel Kwak. Светло кафеаво. Шеќерна арома со костенливо овошје. Лесно слатко. Јако пиво. 8,4%
Westmalle Dubbel. Tемен црвенокафеав трапист со секундарна ферментација. Тревскасто и овошно со свежо-горчлив завршеток. Манастирско пиво што се произведува од 1856 година. 7%.

Останува на вас да изберете кои пива сакате да ги дегустирате. И не заборавајте, конзумирајте одговорно.

Во продолжение ви ја претставуваме и деталната музичка програма, а погоре можете да ја погледнете и организацијата на пивските штандови и музичките сцени.

Повеќе...

Македонски музички бендови на Пиволенд 2015

Среда, 19 Август 2015 11:27

Македонски музички бендови на Пиволенд 2015

Оваа година како и изминатите, веќе во континуитет и традиционално, Пиволенд во својата програма вклучува највеќе Македонски изведувачи, бендови и диџеи. На тој начин, Пиволенд ја дава својата поддршка на Македонската музичка сцена, а големата посетеност во изминатите години е доказ дека македонската музика и те како има публика и почитувачи. На овогодинешното издание на фестивалот ќе ги слушаме: легендарните Ласт Експедишн, ултра забавните Суперхикс, жестоките Смат, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, светскиот бренд Есма Реџепова, метал пионерите Верка, Барбарела и многу други.

Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд Бркови - Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска, бенд кој остави огромен впечаток на овогодинешниот Баскерфест. Врвно музичко задоволство ќе ни приреди Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со повеќе од 500 концерти годишно.

Како надополнување, следејќи го примерот од изминатата година, Пиволенд и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија и заедно со Бла Бла ТВ (прва интернет телевизија во Македонија). Пиволенд и Бла Бла ТВ го најавуваат вториот стејџ на кој ќе се претстават повеќе од 30 музичари и диџеи. Најдобрите 5 ќе имаат шанса да настапуваат и на главиот стејџ на Пиволенд, секој ден од 19 часот.

Од 2ри до 6ти септември, за љубителите на пиво и музика, петдневен пивски рај во Скопје!

Дојди! Види! Испиј!
Пиволенд 2015!

Повеќе...

ПАЗИ ВАМУ!!! Пиволенд и Бла Бла повикуваат!!!

Понеделник, 17 Август 2015 09:19

ПАЗИ ВАМУ!!! Пиволенд и Бла Бла повикуваат!!!

И оваа година Пиволенд во соработка со Бла Бла ТВ отвораат шанса за младите гаражни бендови и за сите недоволно промовирани артисти од македонскиот андерграунд да настапат на алтернативната сцена, со што ќе имаат можност од нивниот настап да добијат видео материјал а најдобрите пет ќе имаат шанса да настапат на главната сцена.

Пријавувањето трае до 28. 08. 2015 г. а линкови со вашата музика испратете ги на фејсбук профилите на Бла Бла ТВ и Бла Бла Телевизија како и на мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака за учество на Бла Бла алтернативната сцена на Пиволенд.

Повеќе...

Од 2 до 6 септември гурмански викенд со пиво во Скопје – Пиволенд 2015

Четврток, 13 Август 2015 11:02

Од 2 до 6 септември гурмански викенд со пиво во Скопје – Пиволенд 2015

Ова лето по осми пат во Скопје ќе се одржи Гурманскиот викенд со пиво - Пиволенд. Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво. 5 дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови.

Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера.

Фестивалот е во организација на „Темов“ и град Скопје.

Традицијата продолжува, Скопје уште еднаш ќе има можност пет дена да го живее духот на Пиволенд. Дојди, види, испиј! Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2015.

Повеќе...

Пиволенд во гурманско-музичка мисија: Над 50 видови пиво и нов стејџ за млади бендови

Вторник, 19 Август 2014 14:16

Пиволенд во гурманско-музичка мисија: Над 50 видови пиво и нов стејџ за млади бендови

Денеска во просториите на Град Скопје се одржа прес конференција по повод престојниот фестивал Пиволенд кој започнува утре (среда, 20.08.2014), а ќе трае се до недела каде што на присутните новинари им се обратија градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и дел од организацијата на фестивалот.

Повеќе...

Познати победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Четврток, 14 Август 2014 10:19

Познати победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

 

Фестивалот Пиволенд ги објави победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти, кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот. По преслушувањето на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи , жири комисијата се одлучи за следните бендови:

Повеќе...

Деветчлениот српски бенд “МВП“ на Пиволенд на скопско Кале

Четврток, 31 Јули 2014 12:13

Деветчлениот српски бенд “МВП“ на Пиволенд на скопско Кале

Деветчлениот бенд од Србија чија музика ја опишуваат како микс од реге, хип хоп и блуз- МВП, периодов вредно работи на своја промоција и надвор од рамките на Балканот.

Тие потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“ веќе се издвојуваат неколку хит нумери, а песната „Милион милја“ си доби и свој видеозапис во кој се појавуваат глумците од популарниот филм „Монтевидео“.

Повеќе...