Пиволенд 2011 во август
Пријателки и пријатели на пивото,
Третиот по ред фестивал на пивото ПИВОЛЕНД 2010 одржан од 15ти до 19ти септември на Скопското Кале и Старата скопска чаршија забележи рекорди во петте фестивалски вечери. Очекувањата дека ПИВОЛЕНД е најпосетениот фестивал во земјава се потврдија со овогодинешната посета која е двојно поголема од минатогодишната.
На љубителите на пивото и музиката ПИВОЛЕНД оваа година им претстави најразновидна понуда на домашни и странски брендови пиво, како и грижливо селектирана музичка програма. Посетителите имаа можност да вкусат над 50ина видови пиво, но и да уживааат во исто толку бендови, артисти и диџеи. Позитивната атмосфрера со која беше окупирано Калето и Старата скопска чаршија е најголемата придобивка на ПИВОЛЕНД. Таа тенденција ќе ја продолжиме и следната година.
Ви благодариме на довербата.
Наздравје до 2011.
ПИВОЛЕНД crew

21.08.10
Добродојдовте на ПИВОЛЕНД 2010!
Третиот по ред фестивал на пивото ПИВОЛЕНД е пред Вас!
Скопското Кале и Старата скопска чаршија е местото кадешто го закажуваме 5-дневното дружење, почнувајки од среда, 15ти септември во 17:30 часот. Оваа година ПИВОЛЕНД нуди 50-ина домашни и странски видови пиво, 50 бендови, артисти и диџеи, на 7 фестивалски бини.
Програмата на ПИВОЛЕНД започнува секој ден од 17:30 часот (среда, четврток и недела до 01:00 по полноќ, петок и сабота до 04:00). Во рамките на ПИВОЛЕНД ќе биде промовирана кампањата на Црвен крст: Кога пиете, не возете – кога возете не пијте.
ПИВОЛЕНД го отвора 60часовното дружење со пивото.
Ве очекуваме!
Аудио реклама:




